Најпознатата шпанска актерка, Пенелопе Круз,  ќе отпатува на крајот на август во Сараево, како би започнала со снимање на филмот “Venuto al Mondo” каде ќе ја толкува главната женска улога.


Атрактивната актерка во филмот на Серџо Кастелито ќе глуми вдовица која по завршувањето на војната доаѓа во Босна како би го покажала Сараево на својот син, местото во кое бил роден неговиот татко. Во Босна и Херцеговина се припремаат како снимањето би минало во најдобар ред. Иако неодамна станала мајка, Пенелопе се одлучила што побрзо да и се врати на работата и да заигра во филмот со воена тематика.