Актерката Пенелопе Круз својата тригодишна врска со Хавиер Бардем наводно планира да ја круниса со брак. Според зборовите на нивните пријатели, планираат да се венчаат ова лето во Шпанија. Свадбата наводно ќе биде мала, а ќе присуствува само потесното семејство и пријателите.
Парот се запознал 1992 година на снимањето на еден филм. Актерката неодамна изјавила дека сака да се скраси и да има деца. Иако не верува во брак, верува во семејство и во љубов и наскоро планира да роди деца.