Актерката Пенелопе Круз, која неодамна по втор пат станала мајка, се испробала како режисер во реклама за долната облека „Agent Provocateur“. Во петминутниот филм се појавува заносната Ирина Шајк, во црна долна облека, но и други секси манекенки.

Улога во спотот има и актерот Мигел Анхел Силвестре, обожавател на Пенелопе Круз. Новопечената режисерка вели дека убавината може да се пронајде во секоја жена и дека немала намера да ги покаже само згодните тела на манекенките, туку и да испрати порака дека тоа е облека за секоја жена.