Сексипилната холивудска актерка Пенелопе Круз повторно ќе се најде во филм со својот сопруг, актерот Хавиер Бардем, а во прашање е филмот на режисерот Ридли Скот “The Counselor”. Пенелопе и нејзиниот сопруг прв пат соработувале на филмот “Jamon Jamon” во 1992 година, а после тоа се појавувале во неколку наслови, вклучувајќи го и филмот на Вуди Ален “Vicky Cristina Barcelona”.
Улоги во филмот веќе добиле Бред Пит, Хавиер Бардем и Мајкл Фасбендер, а голема шанса да се појави во него има и шпанската убавица. Хавиер и Пенелопе се во брак од 2010 година и имаат син. Хавиер моментално го снима новиот филм за Џемс Бонд “Skyfall”.