Шпанската актерка Пенелопе Круз е бремена во петтиот месец, потврдил нејзиниот агент. Иако веќе некое време се шушкаше дека е бремена, веста дури сега е официјално потврдена. Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се венчаа на Бахамите на почетокот на оваа година.


Таа моментално се наоѓа во Лондон каде го завршува снимањето на четвртото продолжение од филмот „Пиратите од Карибите“. Интересно е тоа што и двајцата заедно со сопругот имаат добиено оскари за споредна улога. Тие се во врска три години, и ова на двајцата им е прв брак. Досега заедно настапиле во три филма.