Триесетиосумгодишната ѕвезда Пенелопе Круз, која го има 17 месечното синче, Леонард, со сопругот Хавиер Бардем, го очекува своето второ дете.

Пенелопе е во третиот месец од берменоста, а неодамна признала дека овие се најдобрите години од нејзиниот живот и ужива да биде домаќинка која дома се грижи за Леонар кој го опишала како најубавото нешто во животот.

“Јас сум домаќинка и тоа е прекрасна, најдобра работа на светот. Знам да готвам и важно ми е свежата храна да биде на нашата трпеза секојдневно“-изјавила Пенелопе. “Не сум на никаква диета, само ми е важно да јадам квалитетна и добра медитеранска храна“.

“Да имаш син, за мене значи да се грижиш помалку. Целиот живот се грижев поради нешто. Но, овие денови бирам со што ќе се занимавам, бидејќи имам толку малку време секој ден“, изјавила актерката.