Шпанската актерка пенелопе Круз во секој момент ќе се приклучи на актерската екипа на новиот 24. по ред филм од популарната франшиза за Џејмс Бонд чие снимање би требало да почне ова лето. Според француското списание „Премиер“, актерката моментално преговата за последните детали од договорот. Еден добро упатен извор за списанието рекол дека продуцентите ја контактирале и претходно, но таа досега била спречена од други ангажмани. Преговорите одамна биле во тек а сега останува само да се финализираат.
Главната улога повторно ќе ја реализира Даниел Крег, а веќе сега е познато дека во филмот ќе игра и Ралф Фајнс (М) и Наоми Харис (Манипени), а најверојатно и Циветел Еџиофор, јунакот награден со Оскар за драмата „12 години ропство“, кој би требало да се појави во улогата на главниот негативец. улогата на Бонд девојката не е безначајна, ја посакуваат како почетничките така и докажаните актерки, од кои обично се бара да играат „фатална жена“. Продуцентите сметаат дека таква улога совршено би и одговарала на Пенелопе.