Пред претставувањето на новото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“, Пенелопе Круз добила своја ѕвезда на булеварот на славните, и со тоа станала првата шпанска актерка на која и припаднала оваа чест. Актерката на церемонијата се појавила со својот сопруг, Хавиер Бардем, а присуствувал и актерот Џони Деп кој глуми заедно со неа во филмот „Пиратите од Карибите“.


Пенелопе за добивањето на признанието јавно му се заблагодарила на Деп што ја научил течно да го зборува англискиот јазик. Освен него, таа се заблагодарила и на семејството, сопругот и новородениот син. Изјавила дека секогаш кога ќе ја погледне ѕвездата, ќе ги види имињата на сите оние луѓе кои и помогнале нејзините сништа да станат стварност.