Шпанската актерка Пенелопе Круз, која наскоро ќе наполни 38 години, добила уште една сестра. Според пишувањето на списанието “Hola”, на 24 февруари била родена малата Салма, ќерка на таткото на Пенелопе, Едуарди Круз и неговата втора сопруга Кармен Морено.


Синот на популарната актерка, Лео, која неодамна наполнил една година, сега ќе има тетка од која ќе биде малку постар, и со која ќе може да си игра и да се дружи.