Пенелопе Круз и нејзиното момче Хавиер Бардем наводно го очекуваат своето прво дете. Анонимен извор открил дека таа е бремена 4 месеци, дека е здрава и дека добро се чувствува. Во прилог на овие гласини оди и фактот што таа неодамна се откажала од пушењето.
Но актерката најверојатно нема да брза со мажењето. Вели дека кога ќе роди деца сака да ги одгледа како што треба. Сака тоа да биде нешто што најдобро го направила во животот. Не е сигурна дали верува во брак. Изјавила дека верува во семејство, љубов и деца. Со Бардем се заедно од 2007 година и до сега играле заедно во три филма.