На 1 Мај – Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците. Истовремено, благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права, истакна во пораката по повод 1 Мај – Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски.
Развојот и напредокот на Северна Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците. Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. – стои во првомајската честитка на Претседателот.
OhridNews