Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“ се сретна претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
На средбата се разговарало за состојбата со медиумските слободи во Северна Македонија, синдикалното организирање, како и условите во кои работат новинарите и медиумските работници.
Се дискутираше за прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и за овозможувањето на соодветни услови за новинарите слободно да ја вршат својата работа, со оглед на тоа дека медиумските слободи се уште остануваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засегнати страни со цел изнаоѓање на долгорочни решенија. – информира Кабинетот на претседателот.
Претставниците на ССНМ го информирле претседателот Пендаровски за иницијативата на која работат заедно со останатите релевантни медиумски организации за измена на одредбите во Кривичниот законик, со цел нападите врз новинари и медиумски работници да бидат истражувани по службена должност.
Претседателот Пендаровски даде поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност. – соопшти Кабинетот на претседателот.
Исто така, на средбата се разговарало и за работата на новинарите и медиумските работници во услови на КОВИД-19, при што била истакната важноста на медиумите за известување во време на пандемии и непогоди. Дополнително е нагласено дека сите институции, организации и компании кои ги канат медиумите на своите настани е потребно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и да се обезбедат соодветни услови за медиумите да ја извршуваат својата работа.
OhridNews