Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
Јазикот е душата на еден народ и негово суштинско, идентитетско обележје. Можноста да се зборува, да се добие образование и да се твори на својот мајчин јазик е право на сите етнички заедници во Република Северна Македонија. Нашата земја претставува сплет на религии, култури и етникуми. Живеејќи заедно и празнувајќи го овој ден, упатуваме моќна порака дека одбележувањето и почитувањето на разликите нè сплотува, нè обединува и ги зацврстува и надградува меѓучовечките односи, се вели во честитката на претседателот Пендаровски.
Претседателот порачува дека сплотени можеме да ги надминеме сите искушенија со коишто се соочуваме.
Нашата цел како држава и понатаму ќе биде градење подобар и поквалитетен живот и подобро општество за сите. Нека е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, се вели во честитката од претседателот на државата упатена кон турската заедница.
OhridNews