Во присуство на студенти од политичките студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“, денес, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот.

Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор за членство на земјава во НАТО Алијансата, во македонското собрание беше усвоен вчера со 114 гласови ЗА. До полноправно членство во НАТО, Македонија ја дели само ратификацијата во Парламентот на Шпанија.

OhridNews