Македонија ЃП, Струга и Силекс се првите полуфиналисти во Македонскиот фудбалски куп, додека последниот патник меѓу четирите најдобри екипи ќе биде познат на 14 декември за кога е закажан дуелот меѓу Пелистер и Вардар, кој попладнево беше одложен.

 

Бранителот на трофејот Силекс на пенали со 5-4 ја совлада во Кратово екипата на Брегалница, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.

Струга му одолеа во регуларните 90 минути на актуелниот шампион Шкендија во Тетово по што го елиминираше на пенали со 4-3, додека без голови заврши и пресметката меѓу Македонија ЃП и Шкупи, а домаќините се пласираа во полуфиналето со подобро изведување на пенали со 4-1.

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар не се одигра поради лоша состојба на теренот на стадионот во Битола предизвикана од вчерашните врнежи од снег, а новиот термин е закажан за 14 декември.

 

OhridNews