Бранителот на трофејот Вис Пој со 5-4 на пенали ја совлада Сатеска и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на турнирот во мал фудбал Охрид 2012.
“Портокаловите“ ја контролираа играта во првиот дел, и по асистенцијата на Јованоски, на Ѓорѓиески му остана полесниот дел од работата. За најдобриот играч од ланскиот шампионат ова беше осми гол на турнирот.
Во финишот на првиот дел “црвените“ беа тие кои има повеќе прилики но Секуловски не реализираше од позиции од кои е полесно да се промаши.
Ритамот на играта на Вис Пој се наруши по повредата на Пазаркоски Илче.
Наградата за офанзивната игра на Сатеска стигна на средина од вториот дел кога Бочески најдобро се снајде во казнетиот простор на Вис Пој по мешаницата која настана по ударот на Секуловски.
До крајот на мечот и двете екипи повеќе мислеа на сопствениот отколку на противничкиот гол по што победникот на мечот го дадоа пеналите.
За тимот на Вис Пој погодија Пазаркоски Димче, Пазаркоски Илче, Сотироски и Ѓорѓиоски, а единствено целта ја промаши Колоски.
Бочески, Скепароски и Силјаноски беа прецизни за Сатеска, додека ударите на Секулоски и Трпкоски ги запре играчот на мечот Лазески.
– Повторно мечот го добивме по пеналите. Мечот измина во фер и коретна игра, добро ни парираа противниците, среќата ни се насмевма и одиме во полуфиналето. Таму го посакуваме ланскиот противник во финалето Бекче, мислам дека тоа ќе биде вистински спектакл за гледачите – рече голманот на Вис Пој, Лазески Орце.
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.