Малкуте гледачи на „Атина Бојаџи“ беа сведоци на една комична и конфузна ситуција во која главната улога ја имаше главниот арбитар Јосип Бартон.

Тетовчанецот во 71-та минута прво покажа на белата точка па досуди слободен удар за Еуромилк.Офанцивецот Александар Пандовски имаше одличен соло продор по десната страна, левиот страчиен играч на Вардар, Цикарски го собори, а Бартон без расмилување покажа на белата точка.

По бурната реакција од клупата на Вардар и краткиот разговор со првиот асистент Иса, Бартон се „предомисли“ и го извлече слободниот удар на линијата од казнетиот простор.

Мх.П.