Италијанскиот калчолигаш Милан ги комплетираше екипите учеснички во групната фаза во Лигата на Европа, откако по пенал драма и возбудлив натпревар го елиминираше Рио Аве. Регуларниот дел мечот заврши 1-1, а во продолженијата Рио Аве и Милан постигнаа по еден погодок за конечни 2-2. Во пенал рулетот после 24 изведени пенали „росонерите“ победија со 9-8 и обезбедија пласман во фазата по групи.

Ждрепката за изгледот на групите во Лигата на Европа е денеска во 13 часот.

За потсетување, вчера беше извршена ждрепката за групите во Лигата на Шампиони. Исходот од извлекувањето можете да го погледнете на следниов линк, тука.

OhridNews