Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од посетата на Киев на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси.

Тука сме во посета за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата, истакна Пелоси.

Зеленски наведе дека САД се лидер во силната поддршка во борбата на Украина против руската агресија.

Ви благодариме што помагате во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја, посочи Зеленски.

OhridNews