По првата победа во Супер лигата охриѓани пред себе имаат супер предизвик наречен Пелистер. Тимот од Битола е меѓу најуспешните во историјата на македонскиот ракомет што треба да преставува мотив повеќе за ракометарите на Охрид.
– Пелистер е големо име во македонскиот ракомет. За нас е вистински предизвик да играме против таков клуб. Како и секогаш пелистер има квалитетна екипа и одлична атмосфера на трибините. Ние во Битола одиме да дадеме максимум, да изиграме борбено и со срце – рече Атанас Поп Стефанија предводник на охридскиот бедем пред голот.
Тренерот на Охрид, Горан Андоновски пред мечот на Пелистер има само еден проблем, а тоа е повредата на Кирил Пецаков, кој до крајот нема да се знае дали ќе настапи на дуелот со „зелените“.
Мх.П.