Ракометарите на Пелистер го потврдија лидерското место на суперлигашката табелата, откако во дербито на полусезоната го совладаа Охрид со 23-21 (14-10) во спортската сала „Младост“ во Битола.
Поразот на „гладијаторите“ од Пелистер во деветтата рунда од Супер лигата е прв на гостински терен сезонава, а втор вкупно, додека „зелено белите“ ја продолжија победничката серија која трае од втората рунда во шампионатот.
Добриот почеток на мечот им донесе предност од три, а многу брзо и четири погодоци предност на семафорот (8-4). По 20-тина минути игра охридските ракометари успеаја да го преполоват водстовото на домаќините (10-8). Избраниците на Стефче Алушовски додадоа гас и со нова серија стигнаа до 14-10 на полувремето.
Во второто полувреме „гладијаторите“ одновно стигнаа до два погодоци негатива и комплетно ја вратија неизвеноста во супер дербито. Охриѓани со добрата игра во одбрана дојдоа и до еден негатива (21-20), но во последните минути од натпреварот потфрлија во напад, а битолските ракометари го искористија и го добија мечот со 23-21.
Маестрален меч одигра Славиша Димитријески кој постигна осум голови, пет во составот на Охрид реализираше Бобан Блажески, а трет стрелец беше капитенот Крсте Андоновски со два погодоци. Во домашниот состав најефикасен беше Орјоникидзе со шест погодоци.
Во следната рунда која се игра викендов Охрид гостува во Скопје кај тимот на Вардар Јуниор.
Фото: Гол.мк
OhridNews