Охридскиот Амак СП во дербито на колото гостува во Битола, кај Пелистер. Охриѓани по поразот на Фени Индустри од Пелистер во Битола, осамнаа на врвот на табелата.

Вечершаниот дуел е шампионски тест за “езерџиите“ во салата “Младост“ во Битола.

Ние сме лек за лидерите, го победивме Фени сега на ред е екипата на Амак, велат од Пелистер.

На останатите натпревари играат:

Овче Поле – Фени индустри, Торус – МЗТ Скопје. Екипата на Вардар е слободна

ohridnews