Екипата на Пелистер по натпреварот со Ренова во 13-та рунда, кој го загуби со 4-0 се закани со напуштање од фудбалска елита. Мечот против „гипсарите“ битолчани го завршија со девет фудбалери откако црвени картони заработија Христов и Китановски.

– Сакам да потенцирам дека ние направивме максимални обиди со сопствени средства и со еден проект кој е подржан од целиот град, да го вратиме Пелистер во самиот врв на македонскиот фудбал. Но, тенденциозното судење на овој меч, што се надоврзува на судењето цела есен, а од сето тоа профитира некоја друга екипа, ја прели чашата. По кој знае кој пат сме жртви на начинот на кој се дели правдата на мечевите на Пелистер и најавувам дека повеќе вака не може. Ако никому не му е грижа за клуб како Пелистер, ние сме подготвени да истапиме од лигата и да ги задоволиме тие кои сето ова го режираа“ – изјави по мечот со Ренова спонзорот на Пелистер, Ѓорѓи Силјанов.

Овие обвинувања не се залудни од тимот под Тумбе Кафе кои во дербито против Вардар на домашен терен беа оштетени за чист погодок поради наводен офсајд.

Четата на охридскиот стратег Драган Бочевски пет натпревари не знае за победа во елитата со што го загубија чекорот со водечките.

Мх.П.