Битолски Пелистер и следната сезона ќе биде дел од македонска фудбалска елита, откако клубот ја исполни обврската да регистрира 12 фудбалери со професионални договори.

„Зелено белите“ со исполнувањето на критериумот се здобија со право на настап во Првата лига и избегнаа отфрлување во понизог ранг.

Сепак, борбата за Пелистер допрва претстои, бидејќи клубот треба да се екипира и да одработи подготовки за новата сезона во Првата лига. Мечевите во Првата лига ќе започнат на 8 август.

OhridNews