Во претпоследниот натпревар од подготвителниот период во Охрид избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески со убедливи 5-0 го совладаа третолигашот Вулкан.

Во првиот дел „зелено белите“ постигнаа четири погодоци, а гол шоуто започна уште од првата минута со голот на Маркоски. Девет минути подоцна Динчев зголеми на 2-0, во 22-та минута Милески погоди за 3-0, а заврши Ристески во 30-та минута. По еден час игра од мечот Воденичаров со петтиот погодок во мрежата на Косел ја заокружи „петардата“.


В сабота во 14 часот против Напредок фудбалерите на Пелистер ќе го одиграат последниот контролен натпревар во Охрид.

Мх.П.