Охридскиот Амак СП од третата позиција ќе стартува во натпреварите од Суперлигата кои започнуваат викендов. Охриѓани со биланс 11 победи и пет порази ги завршија мечевите во регуларниот дел.


– Првиот дел не го завршивме како што очекувавме, започнува супер лигата мечеви во кои може да го поправиме впечатокот. Амбициите остануваат исти, прво да влеземе во полуфиналето,  а таму може се` да очекуваме – вели Лазовски во пресрет на мечот против битолски Пелистер.

>>Суперлига 1-во коло

За утрешниот меч во СРЦ “Билјанини Извори“ против Пелистер, Лазовски на располагање ќе ја комплетанта екипа.

М.П.