ФК Пелистер го пријави теренот на СРЦ „Билјанини извори“ за одигрување на средбата со Ренова во рамките на Првата лига.
Овој натпревар беше одложен викендов поради снежното невреме што ја зафати Битола.
Новиот термин за одигрување на средбата е понеделник, 28 февруари, со почеток во 14 часот.
OhridNews