На домашен терен против битолски Пелистер, ракометарите на Охрид ќе го одиграат последниот натпревар во годинешната сезона во Супер лигата. Натпреварот ќе се одигра денеска во 19 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.
– Со екипата на Пелистер игравме 5-6 пати сезонава и меѓу нас нема скриени работи и адути. Овој натпревар резултатски на табелата нема никакво значење, но за нас е многу важен, бидејќи сакаме да им пружиме нова радост на нашите навивачи. – рече голманот Благојче Трајкоски.
Свои впечатоци за сезоната во и за клубот даде хрватскиот интернационален Марко Кобетиќ, кој и следната година ќе биде дел од охридскиот состав. – Имаме сезона со предзнак историска, што значи дека постигнавме успеси кои до сега не биле остварени. Тимски одигравме многу добро на мечеви кои моравме да ги добиеме и заслужено се наоѓаме на третото место на табелата.
Спортскиот директор на клубот Ѓоко Апостолов на прескофенрецијата ги пофали ракометарите за клупскиот успех , пионерите за бронзениот медал и најави нови возбудувања од следната сезона.
Мх.П.