Македонскиот прволигаш Пелистер на „Атина Бојаџи“ претрпе пораз 2-0 од српскиот клуб Спартак Суботица.


Гостите триумфот над „зелено белите“ го осигураа со по еден погодок во двете полувремиња.


Новиот кормилар на битолчани Ѓоко Хаџиевски шанса му даде на сите фудбалери кои се најдоа на клупата.


На мечот поради повреда не настапи Љупче Трпески, кој зимава го засили битолскиот прволигаш од екипата на Вулкан.


В сабота на „Атина Бојаџи“ нов контролен натпревар ќе одигра Спартак против тимот на Силекс.

Мх.П.