Битолските „зелено бели“ со 2-0 ја совладаа тетовска Шкендија во контролниот натпревар кој двете екипи го одиграа во Охрид.
Натпреварот со Пелистер беше неофицијално деби на новиот стратег во Шкендија, Томас Брдариќ кој дојде пред почетокот на зимските подготовки.
Стрелци за битолчани беа Иве Трифуноски во првиот и Баже Илијоски во вториот дел кој се врати во македонскиот шампионат по авантурата во Малезија.
Пелистер во Охрид се подготвува веќе недела дена, додека „црвено црните“ дојдоа само да одиграат натпревар пред заминувањето за Турција.
Мх.П.