Ракометните надежи на Пелистер со 30-23 го совладаа охридскиот состав во редовното коло од младинската супер лига.
Гостинските ракометари уште од самиот старт наметнаа темпо кое домашните неможеа да го издржат и пратат.
Предноста стекната на средината од првиот дел „зелените“ ја задржаа до крајот и заслужено ги освоија бодовите во „Билјанини Извори“.
Мх.П.