Екипата на Пелистер триумфираше на меморијалниот ракометен турнир во Прилеп кој се одржа во чест на „Миле Нешкоски“.


„Зелено-белите“ во финалето со тесни 25-24 го совладаа градскиот ривал Работник и ја освоија титулата на вториот по ред меморијален турнир.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Равез Чантурија од Пелистер, награда за најдобар голман замина во рацете на Кирил Колев, а дел од овој успех на Пелистер е и Иван Тасески.


Охридскиот ракометен клуб кој беше прв победник во Прилеп, годинава заврши на третото место победувајќи го домаќинот во малото финале.

Фото: Гол.мк
OhridNews