Пелистер го победи Вардар со 1-0 во вечното дерби кое попладнево се одигра во Битола. Стрелец на погодокот вреден победа беше Алтипармакоски во 25 минута.

Дербито кое го водеше охриѓанецот Шулески ќе остане запаметено по лошиот терен кој не им дозволи на актерите да се разиграат.

На остантиот натпревар денес Силекс со идентичен резултат 1-0 го победи Тетекс. Голот беше дело на Марковски.

М.П.