Hово коло нова победа за охридските бели кои се уште незнаат за пораз на домашен паркет.Многу повеќе очекуваше охридската публика од Пелистер,но нели “играш онолку колку ке ти дозволи противникот“.
Не се “покажаа“ како срдечни домаќини охригани кои од самиот почеток почнаа да го полнат кошот на гостите и со проверената формула пресинг игра во одбраната и резнатен финиш уште во првиот период стигна до “опиплива“ предност од 20-8. До максимум ја користеа збунетоста на “зелените“ и во еден здив предоводени од Фрај (22 п) на полувремето стигнаа +22 (49-27) .
По паузата веќе видено сценарио.Спор старт на домашните во третиот период, како да знаеа запнаа “зелените“ во ритам влегоа Милкович и Станковиќ и на два пати со серии по 8-0 пелистерци стигнаа да подоносливи 57-50.Алармот е вклучен влегува В.Стојаноски(19 п) и со 2 тројки по ред ја прекинува серијата . Конечно лошиот трет период заврши, откако се одморија на сцена повторно стапи тандемот Фрај – О нил за кои “зелените“ немаа решение а “белите“ мирно го приведоа натпреварот за четири од четири во Билјанини.
Рибарите се радуваа на победата. Чкембарите со одличен штимунг
Рибари – Чкембари 1-0
Посебна убавина на ова кошаркарско дерби му даде и навивачката “пресметка“ на чекмбарите и рибарите во Билјанини. 50- тина навивачи пристигнаа од Битола да ги бодраат своите, но на крајот мораа да аплаудираат на домашните .По победата рибарите “на раце“ ги изнесоа јунаците Фрај и Онил. Наредната “пресметка“ навивачите ја закажаа за 17 декември во салата Младост .
АМАК СП – СВИССЛИОН П. 83:64 (20-08, 29-19, 10-23, 24-14)