– Разочарни сме од тоа како судите ја делаеа (не)правдата –рече за ohridnews капитенот Балазоска. Ни беа свирени чудни прекршоци, а по едно прашање зошто добив и техничка грешка.
Комплетнaта постава кај охриѓанки се запиша во листата на стрелци. Најпрецизна беше Кузеска со 23, потоа Балазоска со 21 , Миладиновска 18, Ж. Ангелоска 12 и Булоска 4.
Со триумфот на Билјана 006 во Битола комплетиран беше викенд успехот во дуелите меѓу охридско – битолските екипи. АМАК во Охрид го порази Пелистер, додека истото го направија охриѓанки поразувајки го Пелистер во Битола.
Наредниот натпревар на охриѓанки ќе биде во полуфиналето на националниот куп. Во четврток во салата “Јасмин“ охриѓанки играт против Младинец.