Охрид ќе игра против Пелистер во осминафиналето од националниот фудбалски куп. Вака беше одлучено na денешната ждребка која се одржа во просториите на ФФМ.

“Белите“ во првиот натпревар ќе гостуваат во Битола, додека реваншот ќе го играат како домаќини.

Еве ги комплетните осминафинални двојки:
Пелистер – Охрид
Локомотива – Ренова
Металург – Победа
Влазними – Дрита
Беласица – Тетекс
Фортуна – Работнички
Скопје – 11 Октомври
Силекс – Македонија ГП

Првите средби се играат на 23. Септември во 15ч. Реваншот е на 30. Септември во 15ч.

ohridnews