Екипата на Пелистер претрпе пораз од Јавор Ивањица 3-0 во првиот контролен натпревар кој двата состави го одиграа во Охрид.

Охридскиот стратег на клупата од Пелистер, Драган Бочески на дуелот со Јавор настапи со комбиниран состав во двете полувремиња.

„Зелено белите“ до 35-та минута солидно им парираа на србите. Тогаш корпулетниот фудбалер на „гостите“ Ракиќ со удар од косо го матираше Пашовски. Две минути подоцна истиот фудбалер го зголеми резуталт по кардиналната грешка на потесната одбрана. Конечните 3-0 ги постави Дражиќ во средината од второто полувреме.

Од двата табори истакнаа дека се задоволни од прикажаното на првиот контролен натпревар, а ги очекуваат уште неколку во месец февруари.

Мх.П.