Од 5 до 19 јануари Пелистер ќе се замине за Малага, Шпанија на подготовки, кои се предвидени од пред некој ден, а во кои зелените на располаганје ке имаат перфектни услови, пренесуваа локалaнa ТВ Тера.



Покрај климата и идеалните терени, битолчани дефинираа и пет пријателски натпревари, а познати се и четири противници. Така на 9 јануари Пелистер ке игра со НЕЦ Нијмеген, на 13 јануари со холандскиот првак АЗ Алкмар, на 16 јануари со двократниот руски шампион Рубин Казан и на 18 јануари со Базел, кој е актуелен швајцарски вице-првак.

Единствено неизвесен е првиот противник на 6 јануари, а тој ке произлезе од Борусија Дортмунд, Ленс или Енерги Котбус кои исто така се на подготовки во Шпанија. Турнеата лично ја обезбеди претседателот Волнаров на покана на организаторот и официјални УЕФА агенти.

Ohridnews