Охридските кошаркари забележаа нова победа во Втората лига совладувајќи го Пелистер во дербито на колото со 89-68 (28-13, 22-27, 20-10, 19-18).


Агресивниот старт на натпреварот, на „белите“ им донесе опиплива предност уште по првата четвртина (28-13).

Но, охриѓани место да го решат противникот го вратија во живот губејќи ја втората четвртина со (27-22) и на полувреме да заминат со плус десет (50-40).


Избраниците на Петар Чочороски работите на свое место ги вратија во третиот период кој им припадна (20-10) за плус 20 во пресрет на последниот квартал.

Таму кошаркарите на Охрид не пропуштија шанса да ја зголемат разлика за убедлива победа против еден од директните ривали за првата позиција.

За охриѓани ова беше втората победа во вториот натпревар, а во следната третата рунда гостуваат во Гостивар.

Фото : Тони Трифуноски
Мх.П.