Во недостиг на фудбалски клуб љубителите на најважната споредна работа во Охрид со нетрпение го очекуваат крајот на јануари и почеток на февруари каде се игра фудбал во изобилство.


Охрид е честа дестинација за подготовки во зимските услови на македонските и српските екипи кои веќе неколку години не се делат од македонскиот бисер.

Токму македонски – српски дуел ја отвора фудбалска сезона во Охрид, а ќе се сретнат Пелистер и Спартак Суботица на „Атина Бојаџи“ во 12 часот.

„Зелено белите“ кои во пролетната полусезона ќе тргнат со нов тренер Ѓоко Хаџиевски и нова управа најавуваат значајна улога во националниот шампионат.

Мх.П.