Екипата на Работнички е последен патник во 1/2 финалето од Купот на Македонија. „Романтичарите“ во реванш натпреварот го совладаа Пелистер и со вкупни 2-1 обезбедија пласман во најдобрите четири.
До 77-та минута Пелистер беше полуфиналист, но тогаш предноста на „зелено белите“ ја анулираше Имери, а погодокот вреден 1/2 финале го постигна Крсте Велкоски во 88-та минута.
Покрај Работнички пласман во најдобрите четири обезбедија Металург, Брегалница и Тетекс.
Мх.П.