Битолски Пелистер официјално испратил писмо до челниците во СЕХА лигата за учество од наредната сезона пренесува “Дневник“. Новото раководство на регионалната СЕХА лига на чело со Михајло Михајловски ја разгледува понудата на Пелистер и дополнително ќе им одговори.

Според новите пропозиции на СЕХА лигата салата во која се натпреварува екипата мора да се поседува одредени критериуми. Ако “зелените“ добијат дозвола за натпреварување спортската сала “Младост“ во Битола, моментално не ги исполнува тие, а најбилску за Пелистер е салата “Билјанини Извори“ во Охрид, која беше домаќин на ЕП во 2008 година.

Македонија моментално има двајца преставници во регионалната ракометна лига тоа се вицепрвакот Вардар ПРО и Металург, а со Пелистер ќе се збогати македонската колонија.

Мх.П.