Европската ракометна федерација објави кои екипи ќе играат во групната фаза од новата Европска лига, а кои ќе се борат за место во неа преку квалификациите.

Македонија ќе има три претставника во ова натпреварување, а само Еурофарм Пелистер директно ќе се најде во групната фаза. Покрај нив квалификации нема да играат и Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Металург не само што е директно пласиран во групната фаза, туку ќе мора да помине две квалификациски кола за да дојде до Европската лига. Истиот пат ќе треба да го помине и тимот на Бутел Скопје.

OhridNews