Претстојниот натпревар со Пролет ќе биде можност за враќање на победничките патеки на „Гладијаторите“. Противникот е незгоден и во добра форма, но ќе направиме се бодовите да останат во Охрид, вели пикерот Адмир Пелидија.
Ја имаме улогата на фаворит, сакаме да наметнеме свој ритам и на крај со нашите „Рибари“ и верната публика која е наш 8 играч низ плеј-офот, да го прославиме излегувањето во Европа следната сезона, додава Пелидија.
Средбата Охрид – Пролет се игра во четврток, 2 мај, во 19 часот, во салата „Билјанини извори“.
OhridNews