Ако ви е смачено од тоа папагалот да “врши физиолошка потреба“ каде што ќе стигне по станот кога ќе го пуштите да лета, нема потреба да се грижите зашто постои решение – птиците добија пелени!


Отсега родителите со мали деца, кои исто така се сопственици на папагал, би можеле најпрво да го пресоблечат детето, па да преминат на папагалот. Американска компанија изумила пелени за птици. ‘The FlightSuit’ е изум кој ќе им го олесни животот на сопствениците на папагали бидејќи нема ќе мора повеќе да го чистат изметот кој го оставаат зад себе нивните миленици. Пелените ги произвела една американска компанија и ги има дури во 14 големини. Некои љубители на птиците сметаат дека овие нови пелени се смешни и дека не треба да им се ставаат на птиците. Тврдат дека тоа е мачење за животните и оние кои не сакаат да чистат зад милениците не би требало ни да ги имаат.