Американката Рут Халдеман започнала пред осум години да чува кокошки, бидејќи сакала да јаде свежи и здрави јајца. Проблемот, меѓутоа, настанал кога сфатила дека нема да успее да ги научи нуждата да ја извршуваат на предвиденото место. Така добила идеја да направи пелени за кокошки.
Таа е хемичарка по занимање, и пелените ги дизајнирала сама. Набрзо тоа го претворила во бизнис. Сега ги произведува во разни бои и големини и ги продава по цена од 9 до 14 долари. Купувачите и се јавуваат од сите делови на САД, а има и муштерии дури од Нов Зеланд.