Пелена за еднократна употреба му го спасила животот на 18 месечно дете, успорувајќи го неговиот пад од прозорецот од стан од третиот спрат.
Детето го преживеало падот бидејќи неговата пелена се закачила за сигурносниот клинец во бетонскиот ѕид од неговата зграда.
Полицаец раскажува како детето за момент висело на клинецот, а потоа пелената се одмотала и бебето паднало на земја, но со многу помала брзина.
-Пелената очигледно го ублажила ударот од падот и го спасила животот на детето.
Детето се наоѓа во болница каде го лечат од помали скршеници и е во стабилна состојба.