Елиминацијата на Реал Мадрид од Лион во осминафиналето нема да го натера чилеанскиот фудбалски стручњак Мануел Пелегрини да го напушти кралскиот клуб.
– На сите ни е исклучително тешко што не успеавме да се пласираме понатаму, но јас нема да поднесувам оставка. Јас би сакал да ги освоиме сите трофеи оваа година, но ќе треба да сме задоволни и од она што го постигнавме до сега. Во моментов сме лидери во Шпанското првенство и сега треба да се насочиме кон тоа. Не планирам да го напуштам Мадрид- изјави Пелегрини.
Засега Пелегрини ја има и подршката од спортскиот директор Валдано кој додал дека нема потреба од промени на тренерската позиција затоа што на Реал му престои борбата за титулата со Барселона во Шпанија.
Видео ЛШ : Пјаниќ ги расплака кралските звезди
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com