Чилеанецот Мануел Пелегрини е новиот предводник на Реал од Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Флорентио Перес кој од денес и официјално е новиот преседател на Реал, го повлекол првиот потег поставувајќи нов тренер.

Официјалната презентација на Пелегрини ќе се случи утре во друштво на Хорхе Валдано кој се враќа на директорската функција на клубот.

Како што е соопштено, Мануел Пелегрини потпишал двегодишен договор со “кралевите“ од Мадрид.

ohridnews