Легендата на бразилскиот фудбал по трет пат ќе стапне на лудиот камен. Британските медиуми пишуваат дека наскоро ќе се ожени со Марсија Сибел Аоки, со која е во врска од 2010 година. Марсија се занимава со бизнис, а од својот вереник е помлада 32 години.
Едсон Арантес до Наисменто, попознат како Пеле, веќе два пати бил во брак. Со првата сопруга Розмари ги има ќерките Кели и Џенифер, како и Синот Едсон, а со втората сопруга Асирија, близнаците Џошуа и Селест. Добитникот на Златна топка за животно дека има најмалку две вонбрачни деца. Со куќната помошничка ја добил ќерката Сандра, а со една новинарка ќерката Флавија. Неговиот син Едињо неодамна е осуден на повеќе од 30 години затвор поради перење пари.